Оглас за вработување во КАМ ДООЕЛ

Оглас за вработување во КАМ ДООЕЛ

КАМ е единствен синџир на маркети во Македонија, кој ги применува основните принципи на хард дисконт: висок квалитет и постојно ниски цени. Со препознатлива мрежа од 59 маркети постојано сме блиску до нашите купувачи.

Поради отварање на нови маркети и зголемен обем на работа, имаме потреба од кандидати за новотоворени работни места:


РАКОВОДИТЕЛ НА МАРКЕТ и
ЗАМЕНИК НА РАКОВОДИТЕЛ НА MAРКЕТ

Основни работни задачи се
- Обезбедување непречен и точен тек на протокот на стока и продажниот процес во маркетот согласно законските норми и правилата на КАМ.
- Постигнување одлични продажни резултати со умешно раководење со персоналот.
- Постигнување висока економичност во работењето и ниски трошоци.

Потребни минимум квалификации за сите кандидати:

• Вработените се потребни за маркети во Неготино, Валандово и Струмица.
• Минимум ССС (средно образование), а пожелно е ВСС од економска или сродна струка;
• Работно искуство минимум 2 години при што за раководител на маркет пожелно во областа (продажба);
• Познавање на MS Office.

Кандидатите треба да бидат комуникативни и прилагодливи, подготвени за работа под притисок, способни за работа во динамична работна атмосфера и да се тимски ориентирани.

КОМПАНИЈАТА НУДИ:

Атрактивна плата (нето + бонус кој зависи од успешноста во работењето), стекнување искуство како дел на професионален тим и професионална работна атмосфера, како и можност за професионално усовршување и напредок во кариерата.
Напомена: Обукат ќе се одвива во рок од 2 месеци во маркет на КАМ во населено место во близина местото каде ќе се отвара маркетот. Во текот на обуката, кандидатот ќе биде во редовен работен однос.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме аплицирајте. Мотивациско писмо и биографија (CV) со фотографија може  да испратите на долунаведената е-пошта или на адреса, пришто грантираме дискреција во постапката.

vrabotuvanje@kam.com.mk  

Рокот за пријавување е најдоцна до 27.06.2015. Кандидатите ќе бидат известени согласно Закон.