Оглас за вработување во Министерството за финансии

Оглас за вработување во Министерството за финансии

ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ- Mi (ИБРД 7699МК и ИБРД 8158МК) ИДЕНТИФИКАЦИСКИ БРОЈ НА ПРОЕКТ П096481 ОГЛАС ЗА РАБОТЕН АНГАЖМАН НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ- МСИП

Владата на Република Македонија доби заеми од Меѓународната банка за обнова и развој- Светска банка за имплементација на Проектот за подобрување на општинските услуги. Проектот има за цел да ги подобри перформансите на урбаните економии и квалитетот на управувањето на општинско ниво преку обезбедување на финансиска и советодавна поддршка на повеќе селектирани општини во делот на општинското планирање и управување и обезбедување на поквапитетни комунални и општински услуги.

Со цел успешна имплементација на Проектот за подобрување на општинските услуги, Министерството за финансии има потреба од ангажирање на индивидуален локален консуптант за следната позиција: Градежен инженер

Основни надлежности на Градежниот инженер се:

Помош на потенцијалните општини учеснички во Проектот околу идентификација на можните инвестициски проекти, советување на општините околу можните технички решенија, верификување на усогласеноста на инвестициските проекти со постоечките законски прописи на Република Македонија и правилата и политиките на Сввтска банка, подготовка на проектна документација и помош на службвникот за набавки при подготовка на тендерска документација, помош при евалуација на тендерски понуди за набавка на стоки и фадежни работи, контрола на спроведување на градежните работи од страна на општините, надгледување на работата на надзорот како и останати работи во надлежност на градежниот инженер дефинирани со Правилникот за управување со проектот за подобрување на општинските услуги.

Потребни квалификации за Градежен инженер:
- Универзитетско образование од областа на градежништвото
- Најмалку пет години работно искуство на подготовка и управување со инфраструктурни проекти, градежни работи, вклучувајќи детален дизајн и супевизија;
- Одлично познавање на националните прописи кои се однесуваат на животната средина, општинските услуги како и познавање на Законот за јавни набавки;
- Одлични комуникациски способности;
- Активно користење на следните ИТ апликации (Word, Excel, Power Point, Outlook, web);
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик;

Лицата за наведените позиции на консултанти ќе бидат избрани во согласност со изданието

-Насоки:
Селекција и вработување на консултанти од страна на заемопрммачи на Светската банка" објавено од страна на Светската банка во јануари 2011 година, ревидирано во јули 2014 година. Заинтересираните консултанти кои ги исполнуваат условите можат да добијат повеќе информации на долунаведената адреса во текот на работното веме од 08:30 до 16:30 часот, секој работен ден од понеделник до петок. Заинтересираните консултанти се покануваат да ги достават своите работни биографии на англиски јазик по електронски пат во форма на ворд документ, пдф формат, или во писмена форма, која покрај се треба да содржи преглед кој ја потврдува нивната квалификуваност за исполнување на наведените квалификации.

Заинтересираните кандидати кои аплицираа на претходниот оглас за градежен инжинер немаат потреба да аплицираат повторно. Изразениот интерес, со работната биографија и сите други релевантни документи во прилог, треба да бидат доставени на долунаведената адреса не подоцна од 3 јули 2015 година, до 16:00 часот на следнава адреса. Министерство за финансии Даме Груев, 12, 1000 Скопје, Република Македонија email: aleksandar.najdovski@jfinance.gov.mk