Објавен Конкурсот за упис на нови студенти на УКИМ за академската 2015/2016 година

Објавен Конкурсот за упис на нови студенти на УКИМ за академската 2015/2016 година

Министерството за образование и наука ја објави информацијата за упис на нови студенти во прва година на прв циклус студии на јавните образовни установи за студиската 2015/2016 година во Република Македонија. Направени се одредени измени во согласност со потребите од високообразован кадар и во согласност со потребите на средношколците.

Одлуката на Владата на Република Македонија во која е утврден бројот на слободни места за упис на студенти на јавните универзитети за академската 2015/2016 година, односно бројот на слободни места кои ќе се финансираат од Буџетот на Република Македонија, се темели на резултатите од деталната анализа на потребите на пазарот на трудот во земјава и утврдувањето на дефицитарните занимања, односно занимањата кои се актуелни и/или ќе бидат барани во иднина, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.

На УКИМ има вкупно 10.690 слободни места од кои 6.330 за редовни студенти во државна квота, 3.164 за редовни во квота со кофинансирање и 1.175 за вонредни.

1. Рокови за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование

прв рок втор рок трет рок
Пријавување на кандидатите 13 и 14.8.2015 3.9.2015 16.9.2015
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа) 18.8.2015 4.9.2015
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) 20.8.2015 9.9.2015
Запишување на кандидатите 24 и 25.8.2015 10 и 11.9.2015 21.9.2015


2. Рокови за кандидатите кои се рангираат според успехот од средното образование и според проверката на знаења и умеења

прв рок втор рок трет рок
Пријавување на кандидатите 13 и 14.8.2015 3.9.2015 16.9.2015
Проверка на знаења и умеења 17.8.2015 4.9.2015
Објавување прелиминарна ранг- листа со резултати од проверката на знаењата и умеењата и успехот од средно образование 21.8.2015 9.9.2015
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) 25.8.2015 11.9.2015 21.9.2015
Запишување на кандидатите 26 и 27.8.2015 14.9.2015 22.9.2015


Конкурсот можете да го најдете на следниов линк.

КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2015/2016 година