Оглас за вработување во Економскиот факултет - Скопје

Оглас за вработување во Економскиот факултет - Скопје

Врз основа на член 131 и 135 од Законот за високото образование (Сл. весник на Република Македонија бр. 35/08. 10/15), член 34 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни, наставностручни и соработнички звања и асистенти докторанди на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје (Универзитетски гласник бр. 274/13) и Одлуките на Наставно- научниот совет бр. 02021023/47 и 02021023/48_од 19 јуни 2015 година, Економскиот факултет - Скопје распишува:

КОНКУРС За избор на:



1. еден наставник, во сите наставно- научни звања по економски науки по предметот: Организациско однесување

2. еден наставник, во сите наставно- научни звања по економски науки по предметот: Единствен пазар на ЕУ.

Услови: Кандидатите, покрај општите услови, треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени со Законот за високото образование и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни, наставностручни и соработнички звања и асистенти докторанди на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.

Работното време е утврдено согласно актите на Факултетот и распоредот на часови по семестри. Со пријавата за учество, кандидатите треба да поднесат и: куса биографија, доказ за исполнетост на општите и посебните услови и уверение за државјанство (документите треба да се во оригинал или заверена копија кај нотар).

Пријави со комплетна документација се поднесуваат во рок од 8 дена од денот на објавувањето на конкурсот во архивата на Економскиот факултет- Скопје, или по пошта на адреса: бул. „Гоце Делчев" бр. 9В- Скопје. Ненавремени и непотполни пријави нема да се разгледуваат. Избраниот кандидат се ангажира согласно Законот за високото образование. Дополнителни информации на телефон: 02 3 286 825. Униврзитет „Св. Кирил и Методиј" во Скопје Економски факултет- Скопје