Откриен протеин кој го продолжува векот на срцето

Откриен протеин кој го продолжува векот на срцето

Подготвил: Драгана Петрушевска

Научниците од Универзитетот „Џон Хопкинс“ и Универзитетот во Сан Диего откриле протеин во телото кој може да биде клуч за поправање на штетата настаната при прекините на срцето.


За разлика од останатите органи, срцето создава нови страници во текот на животниот век и е способно да генерира милијарди отчукувања за да го одржи животот. Феноменот ги инспирирал научниците да ја пронајдат долговечноста на срцето.

Докторот Антони Камарато со своите колеги открил протеин наречен викулин за кој се верува дека е одговорен за пумпање на срцето.

- Срцето е неверојатно отпорен орган, но е еден од органите кои не се регенерираат, а неговата способност за пумпање се намалува со годините. Се чини дека викулинот му помага во успорувањето на намалувањето на оваа способност при стареењето - пишува Камарато.

Камарато објаснува дека со разбирањето на начинот на кој телото се штити од овој процес може да се најде начин за лечење на органите кои не се способни за регенерирање.

Научниците веруваат дека откритијата во нивното истражување ќе создадат третмани кои ќе може да го продолжат живоот на луѓето кои имале проблеми со прекини во срцето, состојби во кои срцето е зголемено, но и ослабената способност за пумпање крв.