Оглас за вработување во Моментис

Оглас за вработување во Моментис

momentis
Консултантска компанија која нуди решенија за трансформациски промени кај  поединци и компании, има потреба од: Оперативен Менаџер

 

Опис на работните обврски


•    Делува согласно претходно зацртани и утврдени цели на фирмата
•    Планира, организира и имплементира административни работни задачи
•    Води грижа и континуирана комуникација со клиенти
•    Поттикнува нови и гради долгорочни деловни врски
•    Асистира при организација на активности и настани
•    Контролира и спроведува комуникациски план на компанијата

Потребни квалификации

•    Универзитетска диплома по можност во областа на Менаџмент и Бизнис администрација или Развој на човечки ресурси
•    Одлични продажни и комуникациски вештини
•    Претходно работно искуство (предност е искуство во согласност со описот на работните обврски)
•    Активно познавање и диплома од завршени курсеви по англиски јазик и одлично познавање на српски јазик
•    Висока компетентност при работа во MS Office (Outlook, Word, Excel, PowerPoint) и познавање на графички програми: PS и Al
•    Возачка дозвола Б категорија

Профил на личност

•    Млад, енергичен и комуникативен
•    Проактивен и креативен
•    Ориентиран кон решенија, не кон проблеми
•    Искрен и одговорен
•    Поседува тимски дух, но и самостојност за индивидуално работење

Пријавување и информации на: info@momentis.mk

Ќе се разгледуваат само потполни документи (CV).