Оглас за вработување во Природно-математичкиот факултет во Скопје
Врз основа на член 135, став 1 од Законот за високото образование („Сл. весник на РМ бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 130/2014, 10/2015, 20/2015 и 98/2015) и член 34, став 2 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни, наставностручни и соработнички звања и асистентидокторанти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј, во Скопје ((Универзитетски гласник бр. 274/13- пречистен текст), на Природноматематичкиот факултет во Скопје, се распишува
КОНКУРС
за избор во наставнонаучно и научно звање ИНСТИТУТ ЗА ФИЗИКА
1 Избор на еден наставник во сите наставнонаучни звања по група предмети од областа на астрофизика и општа физика.
Рокот за избор е за време од пет години.
СЕИЗМОЛОШКА ОПСЕРВАТОРИЈА
1. Избор на еден виш научен соработник од областа на сеизмологијата. Рокот за избор е за време од пет години.
Услови: кандидатите покрај општите услови треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени со Законот за високото образование („Сл. весник на РМ бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 130/2014, 10/2015, 20/2015 и 98/2015), Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни, наставностручни и соработнички звања и асистентидокторанти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј, во Скопје (Универзитетски гласник бр. 274/13- пречистен текст) и другите акти на Универзитетот, како и Законот за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност („Сл. Весник на РМ„ бр. 86/2012).
Конкурсот е отворен 8 дена од денот на објавувањето. Постапката по конкурсот може да трае најмногу шест месеци.
Кандидатите треба да достават во Архивата на Факултетот: пријава за учество на конкурсот, потребни документи за степенот на образование (еден примерок оригинал и три копии заверени на нотар), потврда за познавање странски јазик (во четири примероци), кратка биографија (во четири примероци), потполнет образец кон извештајот за избор во наставнонаучно, научно и наставностручно звање (се добива на Факултетот) и уверение за државјанство (во четири примероци).
Паричниот износ на основната плата на наставникот изнесува 31.050,00 денари во нето износ.
Основната плата може да биде променлива.
Работното време е утврдено согласно со студентскиот календар и распоредот на часовите на Факултетот. Некомплетираните и ненавремено доставени документи нема да бидат земени во постапка за одлучување.
За други информации во врска со Конкурсот кандидатите можат да се обратат во Секретаријатот на Природноматематичкиот факултет во Скопје.
Документите се доставуваат на Природноматематичкиот факултет во Скопје, ул „Архимедова, бр. 3, 1000 Скопје. УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ"- СКОПЈЕ ПРИРОДНОМАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ- СКОПЈЕ