Пронајдени скриени стогодишни цртежи на училишни табли

Пронајдени скриени стогодишни цртежи на училишни табли

Подготвил: Драгана Петрушевска

Наставниците и учениците цртале на училишните табли и пред 100 години. Откриени се недопрени стогодишни табли во Оклахома, САД кои се доказ за ова. 



Неделава, во средното училиште „Емерсон“ во градот Оклахома биле остранети таблите во училниците, а под нив биле откриени стари табли недопрени од 1917 година. На овие стари табли уште стоеле цртежи и реченици напишани од наставниците и учениците тогаш.

Таблите во училиштето биле отстранувани за да се постават нови, бели табли. Претставник од училиштето изјави за медиумите дека се работи на зачувување на „уметноста“ на наставниците на старите табли.

На таблите биле откриени интересни цртежи, па дури и методи. Имено, на една има нацртано тркало за множење кое претставува застарена техника на предавање. Фотографии од таблите погледнете во галеријата.