Објавени се резултати од екстерното тестирање - Просечна оценка на постигнувањата на учениците од 3.26

Објавени се резултати од екстерното тестирање - Просечна оценка на постигнувањата на учениците од 3.26

Објавени се резултатите од екстерното тестирање на учениците од 4 то одделение во основното образование до 3 та година во средно образование, коишто беа тестирани во периодот од 2 до 10 јуни.


 

Од вкупно предвидените 183 790 ученици во оваа фаза, по два предмети тестирани се 177 478, само по еден предмет тестирани се  2 619 ученици, додека  3 693 ученици воопшто не се тестирани. Оправдано отсутните ученици ќе бидат тестирани во августовската сесија која ќе се одвива од 17 до 20 август.

Од денес резултатите ќе бидат истакнати во училиштата. Учениците ќе можат да ги погледнат оценките кои ги добиле и почнувајќи од утре 26 јуни, а заклучно со 30 јуни (вторник) ќе можат да поднесуваат приговори до Училишната комисија. При поднесување на приговорот ученикот има право на увид во тестот.

По обработката на сите тестови по сите предмети во сите одделенија и години на образование, констатирана е просечна оценка на постигнувањата на учениците од 3.26  (минатата година беше 3,6).

На ниво на општина најдобри постигнувања имаат следните:

Центар    4,59
Вевчани    4,58
Аеродром    4,44
Карпош    4,40
Кисела Вода    4,26
 
Одделно по училишта, земајќи го во предвид бројот на ученици во секое од нив, најдобри резултати постигнаа учениците од следните училишта:

1    "ОУЛАЗО ТРПОВСКИ КАРПОШ"    4,83
2    "ОУВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ КАРПОШ"    4,80
3    "ОУЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ ЦЕНТАР"    4,76
4    "ОУ11 ОКТОМВРИ ЦЕНТАР"    4,75
5    "ОУГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЦЕНТАР"    4,74
6    "ОУКОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ ЦЕНТАР"    4,72
7    "ОУЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИАЕРОДРОМ"    4,69
8    "ОУПЕТАР ПОП АРСОВ КАРПОШ"    4,69
9    "ОУЉУБЕН ЛАПЕ АЕРОДРОМ"    4,67
10    "ОУКОЧО РАЦИН ЦЕНТАР"    4,67


Од средните училишта највисоки постигања имаат:

1    "СУГС,,Раде Јовчевски Корчагин,, Скопје",    4,31
2    "СУГСГим.,,Орце Николов,, Скопје",    4,26
3    "СОУГим.,,Јосип Броз Тито,, Битола",    4,05
4    "ОСУ,,Св.Климент Охридски,, Охрид",    4,02
5    "СОУГим,,Гоце Делчев,, Куманово",    3,82
6    "СУГС,,Никола Карев,, Скопје",    3,81
7    "СОУГим.,,Кочо Рацин,, Велес",    3,72
8    "СОУ,,Славчо Стојменски,, Штип",    3,70
9    "СОЕУ,,Јане Сандански,, Битола",    3,68
10    "СУГС,,Георги Димитров,, Скопје",    3,65

Податоците за просечните оценки на останатите училишта ќе бидат доставени на увид  до нивните основачи т.е. градоначалниците и Министерството за образование и наука.

За деветоодделенците:
Врз основа на обработените податоци за деветооделенците, просечната оцена за нив е 3.04. За резултатите на 9то одделенците пристигнаа вкупно 223 приговори од кои 51 се прифатени, 144 одбиени, а 28 се делумно прифатени  (кога  ученикот приговарал на 5 прашања, а прифатени за корекција му се 2 прашања).
                                                                                                                                                                        Државен Испитен Центар