Оглас за вработување во Архитектонскиот факултет- Скопје
Врз основа на член 131 од Законот за високото образование („Сл. весник на РМ" бр. 35/2008; 103/2008; 83/2009; 99/2009; 115/20010; 17/2011; 51/2011; 123/2012; 15/2013; 24/2013; 41/2014 116/2014; 130/2014; 10/2015 и 20/2015) и член 44 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Архитектонскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје (Универзитетски гласник бр. 291/2014), Деканот на Архитектонскиот факултет- Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, распишува
КОНКУРС За избор на:
1. Еден наставник во сите наставнонаучни звања на група предмети од областа на архитектонското проектирање на Институтот за архитекгонско проектирање при Факултетот;
2. Еден соработик во соработаичко звање асистент по група предмети од областа на архитекгонски конструкции на Институгот за високоградба при Архитекгонскиот факултет;
3. Еден асистент- докторант по предметите: Вовед во компјутерски помогнато проектирање CAD/CAAD, Компјугерски помогнато проектирање CAD/CAAD, 3D моделирање, Нацртна гео метрија и Перспектива на Институгот за графички комуникации при Факултетот.
Услови: Кандидатите од точките 1 и 2, покрај општите услови, треба да ги исполнуваат и условите предвидени со Законот за високото образование, Правилникот за критериумите и постагжата за избор во наставнонаучни, научни, наставностручни и соработнички звања и асистенти докторанти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје и другите акти на Универзитетот.
Кандидатите од точка 3, со пријавата треба да поднесат: куса биографија, диплома за завршено соодветно образование/магистратура, уверение за положени испити на прв и втор циклуснастудиисопросекнауспехотоднајмалку8, 50, потврдаза познавање на англиски јазик (TOEFEL, IELTS, TOLES, ILEC, Camridge Certifikate of Preliminary English), да пркажува способност за наставнонаучна дејност, уверение за државјанство.
Конкурост трае 8 дена од денот на објавувањето. Пријавата и потребната документација да се достават на адреса: Архитектонски факултет во Скопје, Бул. „Партизански одреди" бр. 24 1000 Скопје Универзитет „Св. Кирил и Методиј" во Скопје Архитектонски факултет- Скопје