Работно и активно лето за Бизнис кафе Македонија!!!

Работно и активно лето за Бизнис кафе Македонија!!!

Ви го најавуваме следното дружење 11 - то по ред Бизнис кафе Македонија, на 02.07. 2015 од 18:30 часот во Хотел Russia.

 

 

Запишете го датумот во вашите календари за ново дружење, мотивација и запознавање на нови потенцијални клиенти. И овој пат имаме незаменливи гости: Г- динот Хајан Селмани ( извршен директор на Хаселт), Г- ѓа Александра Дилевска ( извршен директор и ко-основач на Публицис Груп Македонија) и Г-динот Коста Петров македонскиот бест – селинг бизнис автор (основач и извршен директор на Пи Ворлд глобална креативна агенција со канцеларии во Прага, Баку и Скопје и присуство во над 30 земји во светот).

 

Дружењето трае 2-3 часа во четврток од 18.30 часот. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.

 

Учесниците на бизнис кафето добиваат еден пијалок (кафе,вода, сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

 

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!

 

Влезниците по промотивна цена од 200 денари(важи само за СТУДЕНТИ) може да се уплатат на жиро сметка на Актива Вел Дооел Скопје. Откако ќе се пријавите за учество ќе бидете контактирани за следен чекор за уплатата.