Оглас за вработување во Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ "Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ• СКОПЈЕ ФАКУЛТЕТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА СКОПЈЕ Врз основа на член 135 од Законот за високото образование („Сл. весник на РМ" бр. 35/08, 103/08, 26/09, 99/09, 115/10, 17/11, 51/11, 123/12, 15/13, 24/13, 57/13, 41/14, 116/14, 130, 10/2015, 20/2015), член 34 став 1 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни, наставностручни и соработнички звања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопјепречистен текст (Универзитетски гласник бр. 274 од 31 декември 2013), член 48 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје во состав на УКИМ- пречистен текст (Универзитетески гласник бр. 269 од 18 ноември 2013 година) и одлуката на Наставнонаучниот совет на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје бр. 02021485/3 од 25. 06. 2015 година, деканот на Факултетот распишува
КОНКУРС за избор во научни звања
1 Еден Истражувач во сите научни звања во научнните области Микробиологија и Имунологија
2. Еден Истражувач сите научни звања во научната област Исхрана на домашните животни
3. Еден Истражувач во сите научни звања во научните области Хирургија, Ортопедија и Офталмолигија.
Услови:
Кандидатите, покрај општите услови, треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени со Законот за високото образование, Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни, наставностручни и соработнички звања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје и актите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.
Кон пријавата се поднесуваат следниве документи во оригинал или заверен препис кај нотар: куса биографија, докази за исполнетост на општите и посебните услови, уверение за државјанство, список на научни и стручни трудови и по еден примерок од секој труд. Рок на поднесување на пријавите е 8 дена од денот на објавувањето на конкурсот.
Пријавите се поднесуваат до Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, ул. Лазар Поп Трајков бр. 5-7, тел. 023240700. Некомплетните документи и документите доставени по истекот на рокот нема да се земат во постапка на разгледување. Декан, Проф. д-р Владимир Петков