Програма за млади професионалци за регионот Евроазија

Програма за млади професионалци за регионот Евроазија


Фондацијата „Eurasia“ ги поканува младите експерти во регионот да се пријават за учество во програмата за млади професионалци 2015-2016. Програмата е за млади професионалци кои ја делат посветеноста на организацијата за меѓународен развој во регионот во Евроазија.

Успешните кандидати ќе престојуваат во Вашингтон во период од 9 месеци за да дискутираат за проблемите со кои се соочува во регионот. Кандидатите треба да се на возраст од 22 до 33 години, да работат во медиуми, влада, воени институции, приватен сектор или невладина организација, да имаат диплома.

Пријавувањето трае до 10 јули.

Официјален повик.