Стипендии

Стипендии "Schwarzman Scholars" за магистерски студии во Пекинг


„Schwarzman scholars“ е стипендија создадена за студенти од целиот свет. Со стипендијата на студентите им се нуди можност да ги развиваат своите лидерски вештини во тек на едногодишни магистерски студии на универзитетот „Tsinghua“ во Пекинг.

Програмата е во една од следните дисциплини: јавно право, економија и бизнис, меѓународно право. Се доделуваат стипендии за 100 кандидати, а истите ги покриваат школарината, сместувањето и патувањето. Кандидатите треба да имаат диплома од признаен факултет и доказ за знаење на англискиот јазик.

Пријавувањето трае до 1 октомври.

Официјален повик.