Викенд временска прогноза - Се очекуваат врнежи

Викенд временска прогноза - Се очекуваат врнежи

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Попладне зголемување на облачноста.

Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне врзина и до 40 км/ч.
Утринските температури од 5 до 15 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 14 односно до 24 степени. УВ индексот ќе има вредност 4.

СКОПЈЕ
- Во Скопје во петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста и ветровито. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 12 степени, а максималната дневна до 21 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
- Во текот на ноќта петок кон сабота се очекуваат локални врнежи од дожд. Овие врнежи ќе продолжат и во сабота во североисточните, источните и југоисточните предели. Во останатите предели ќе биде умерено облачно. Максималните температури до 18 односно до 28 степени.

Нестабилно со врнежи од дожд ќе биде и во недела. Врнежите се очекуваат во попладневните часови. Максималните температури ќе се движат од 17 до 27 степени.

Во понеделник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, локално ке има услови за слаб дожд. Дневните температури од 20 до 30 степени

Во вторник ќе биде претежно сончево и потопло. Максималните температури и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе се движат од 21 до 31 степени.