Стипендии за докторски студии на универзитетот во Кардиф

Стипендии за докторски студии на универзитетот во Кардиф


Универзитетот во Кардиф доделува докторски стипендии за проектот „Advanced Personalised 3D Dosimetry for a clinical trial in petide radionuclide therapy“. Потребни се докторанди кои ќе работат на истражувања на темата.

За стипендиите може да конкурираат студенти од целиот свет кои имаат соодветна магистерска диплома и доказ за одлично знаење на англискиот јазик. Проектот е наменет за студенти кои се интересираат за нуклеарна медицина, радиотераписка физика, анализа на податоци и развој на софтвер.

Стипендиите кои се доделуваат изнесуваат 14.057 фунти годишно.

Пријавувањето трае до 1 август.

Официјален повик.