Илјадници француски матуранти се побунија за само еден збор од тестот за државна матура

Илјадници француски матуранти се побунија за само еден збор од тестот за државна матура

Подготвил: Драгана Петрушевска

Над 10.000 француски матуранти потпишале петиција со која од министерот за образование бараат поништување или дополнителни бодови за оние кои го решиле „невозможното прашање“ од тестот по англиски јазик за време на државната матура. Имено, во едно прашање го имало зборот „coping“ (од „to cope with“ - да се носи со) за кој учениците тврдат дека не е во редоцна употреба.


Тестот по англиски јазик на француската државна матура предизвика бурни реакции од страна на учениците. Имено, една задача се однесувала на дел од книгата „Atonement“ и била поврзана со протагонистот Роби Турнер.

Матурантите имале задача да одговорат на две прашања од овој извадок: „What are three of his concerns about the situation?“ и „How is Turner coping with the situation?“.

Еден од матурантите, 17-годишниот Артур, по тестот започна со потпишување петиција за поништување на задачата или дополнителни бодови за оние кои ја решиле.

- Многу луѓе беа збунети од зборот „coping“, очигледно е дека не е во редовна употреба - изјави Артур, кој досега собра повеќе од 10.000 потписи.