Истополовите бракови се легални, но се' уште може да се биде отпуштен за тоа

Истополовите бракови се легални, но се' уште може да се биде отпуштен за тоа

Подготвил: Драгана Петрушевска

Милиони истополови парови имаат многу за славење деновиве. Имено, истополовите бракови се дозволени секаде во САД од оваа недела. Меѓутоа, сè уште има многу работа на случајот.


Насекаде низ светот се вејат знамиња со боите на виножитото откако Врховниот суд на САД ги прогласи истополовите бракови за легални насекаде низ земјата. Секако, секој кој зборува против законот ќе биде и понатаму заштитен поради правата за слобода на говор.

Згора на тоа, во 29 сојузни држави сè уште е дозволено отпуштувањето поради сексуалната определеност. Транссексуалците не се заштитени во 32 држави.

Фаст компани“ пишуваат дека сè уште има многу за славење. Бракот носи повеќе од 1.100 права и одговорности за паровите, како посвојување деца, посета во болници, начин на плаќање данок итн.

Сепак, мора да се започне од некаде. Честитки за американските граѓани.