Филмскиот стил на режисерите преточен во архитектура

Филмскиот стил на режисерите преточен во архитектура

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Во проектот наречен „Archidirector“, уметникот Федерико Бабина создава куќи направени според филмскиот стил на познатите филмски режисери.

 

архитектура


„Режисерите се како архитекти на киното. Тие се луѓето кои градат приказни коишто како и зградите, го внесуваат гледачот и го носат во сосема различен свет. Секој со сопствен стил, јазик и естетика, размислуваат, планираат дизајн и градат места и приказни кои не` држат заинтересирани за време на филмот. Истото се случува и со архитектурата кадешто и најмалиот детал помага во обликувањето на отпечатокот на архитектот“, вели тој.

Погледнете ги неговите куќи инспирирани од стилот на режисерите - линк до галеријата.