Милијардери кои се збогатиле со образованието

Милијардери кои се збогатиле со образованието

Подготвил: Драгана Петрушевска

Многу од најбогатите луѓе во светот има интереси во образованието, но овие луѓе се збогатиле поради него.


Бертил Хулт

75-годишниот основач на „Education first“ има богатство од 5 милијарди долари и е еден од најбогатите луѓе кои се откажале од студирањето. Тој го основал својот бизнис, кој на почетокот бил наменет за организација на летни патувања во Велика Британија за шведските студенти да учат англиски јазик, во својот подрум. Сега, тој функционира во 53 земји и нуди културни размени, образовно патување итн.

Сани Варки

Сани Варки вреди 2 милијарди долари. Тој е основач на ГЕМС Образование. Според „Форбс“, компанијата функционира во 50 приватни училишта со приближно 140.000 ученици низ светот.

Ранџан Пај

Индискиот доктор и сопственик на „Manipal education & medical group“ вреди 1,7 милијарди долари. Во рамките на компанијата стои непрофитен универзитет. Компанијата има шест институции надвор од Индија.

Питер Сперлинг

Единствениот Американец на листата е водич на „Apollo education group“ која стои зад високообразовни институции. Сперлинг има богатство од 1,3 милијарди долари.

Чан Пјунг-Сун

Пјунг-Сун ја основал компанијата „Kyowon“ во 1985 година за да продава образовни производи и услуги за деца. Компанијата денес претставува една од најголемите организации во Јужна Кореја.