Спектакл во Скопје! Финалето на фудбалскиот Супер куп во 2017 ќе се игра на

Спектакл во Скопје! Финалето на фудбалскиот Супер куп во 2017 ќе се игра на "Филип Втори"



Националната арена „Филип Втори Македонски“ и Скопје ќе бидат домаќини на Супер купот на Европа во 2017 година! Оваа одлука денеска и офицјално е донесена на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Прага, а ја соопшти Министерот за спорт на Русија, Виталиј Мутко.

Официјално одлуката треба да биде соопштена утре од 12 часот на прес-конференцијата на Европската куќа на фудбалот, меѓутоа како што соопшти Мутко истата веќе е донесена и Скопје во август 2017 година ќе биде домаќин на двете најдобри екипи на европско тло. Ова е огромно признание за македонскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија кои добиваат историска организација на врвен европски фудбалски настан.

Прочитајте повеќе на овој линк

Извор: Екипа.мк