Неделна временска прогноза: Какво време не` очекува до крајот на работната недела?

Неделна временска прогноза: Какво време не` очекува до крајот на работната недела?



Во Македонија во вторник во утрински часови ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне зголемување на облачноста и продор на влажна воздушна маса од северозапад и север која што ќе услови врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат попладне и тоа во југозападните и јужните предели, каде локално може да наврнат и до 10 литро дожд.

Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен североисточен ветер. Минималните температури од 9 до 19 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 18 односно до 28 степени.

Во Скопје во вторник претпладне ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринска температура од 16 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 26 степени. УВ индекс 3.

Во среда ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Во североисточните, источните и југоисточните предели нестабилно со врнежи од дожд. Дневните температури ќе се движат од 20 до 30 степени. Од четврток се очекува стабилизација на времето. Ќе преовладува претежно сончево и топло време. Максималните температури ќе достигнат до 23 однодно до 34 степени.