Првпат досега може да видиме како изгледа светот за бебето

Првпат досега може да видиме како изгледа светот за бебето

Подготвил: Драгана Петрушевска

Бебето може да препознава изрази на лицето на најмногу 30 центиметри оддалеченост од него. Секое лице кое стои подалеку е матно во очите на бебето. Ново истражување покажува како гледаат новороденчињата.


Истражување спроведено на Универзитетот во Осло кое беше објавено оваа недела открива како малите бебиња го гледаат светот околу себе и на колкава далечина од нив може да гледаат. Во истражувањето била користена нова технологија со која се симулирала визуелната перцепција на новороденчињата.

Така, дознаваме дека бебињата кои имаат 2-3 дена живот може да го видат лицето и да ги забележал изразите на лицето до 30 центиметри од нив, односно просечна оддалеченост од лицето на бебето и лицето на мајката додека тоа дои. Како што се зголемува оддалеченоста, сликата станува поматна и понепрепознатлива.

- Порано истражувачите пробуваа да проценат што точно гледа новороденчето, а за тоа користеле мирна слика, но вистинскиот свет е многу динамичен, па затоа користевме слики во движење - објаснува професорот Свејн Магнусен од Институтот за психологија на Универзитетот во Осло.