Норвешка го гради првиот автопат за пчели

Норвешка го гради првиот автопат за пчели

Подготвил: Драгана Петрушевска

Пчелите се важен вид за производство на храната која ја јадеме. Но, тие изумираат во текот на последните години од повеќе причини. Норвешка се обидува да го спречи нивното изумирање со еден креативен проект. Имено, тие го прават првиот автопат за пчели.


Агнес Лич Малвер, која стои на чело со норвешката група која е одговорна за автопатот посочи дека луѓето „постојано ја обликуваат околината според нивните потреби, притоа заборавајќи дека во неа живеат и други видови“.


Автопатот, кој сè уште е во изградба, нема да изгледа како автопатите кои ги користиме ние. Норвешка се надева дека изградбата на поврзани цветни кровови ќе им помогне на инсеките во опрашувањето во градот и ќе нуди места за „одмор“ и засолниште за пчелите.

Останува да видиме дали овој обид ќе биде успешен.