Оглас за вработување во АМСМ

Оглас за вработување во АМСМ

Основан 1945 годината, постоењето и развојот на АМСМ, го обележаа низа структурални и организациони промени, некои како резултат на времето, а пак некои како одговор на потребата да се биде и да се остане поблиску до постарите, но и новите генерации.

Како резултат на долгогодишното постоење, од една страна и континуираното залагање да чекориме заедно со најразвиените светски авто клубови од друга, денес со гордост можеме да кажеме дека АМСМ е современа организација во која се обединуваат богатото искуство и современите концепти на работење, карактеристични за потрошувачки ориентираните и модерни организации.



РАКОВОДИТЕЛ НА ПОМОШ НА ПАТ


КЛУЧНИ РАБОТНИ ОБВРСКИ:
- Оперативно планирање и водење на активностите во делот помош на пат
- Оперативно планирање и водење на активностите во делот шлепување
- Оперативно планирање и водење на активностите со АМСМ Базите во градовите во Македонија

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Високо образование (Машински, Електротехнички, Сообраќаен, Економски или Правен факултет)
- Напредно познавање на MS Office
- Напредно познавање на Англиски јазик
- Најмалку 5 години работно искуство во делокругот на работата

СПОСОБНОСТИ И ПОТРЕБНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕШТИНИ:
- Раководни и менаџерски способности
- Тимска работа
- Комуникациски вештини
- Координирачки вештини
- Способност за мониторинг и контрола
- Ориентираност кон процесот

Доколку сакате да ни се придружете и да станете дел од нашиот успешен тим, ја очекуваме вашата кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик во електронска форма да ни ја доставите на vrabotuvanje@amsm.com.mk со назнака РАБОТА – Раководител на Помош на пат, најдоцна до 15 јули 2015.

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.