Улицата на стриповите во Брисел

Улицата на стриповите во Брисел

Подготвил: Драгана Петрушевска


Во внатрешноста на градот Брисел во Белгија, поточно во регионите Лекен и Одергем се наоѓа по едно изненадување речиси на секој чекор. Како што се движите по улицата ги гледате Тинтин, штрумфовите, Астерикс, Гастон и други анимирани детски јунаци. Се работи за стрипови на кои се илустрирани француските и белгиските херои.

Овој проект започнал од 1991 година и бил инициран од локалните власни, а реализиран во соработка со Белгискиот центар за стрипови. Неговата цел била славење на долгата историја на стриповите во земјата. Стриповите се гордост на Белгија.

Во земјата живеат повеќе од 700 автори на стрипови, а во главниот град може да најдете повеќе продавници, статуи, цртежи, музеи и барови посветени на оваа уметност.

Кога станува збор за улицата на стриповите, на неа може да се најдат повеќе од 50 мурали.