Временска прогноза: Од утре стабилизација на времето

Временска прогноза: Од утре стабилизација на времето



Во Македонија во среда претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен слаб североисточен ветер.

Минималните температури од 7 до 17 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19 односно до 29 степени. Воздушниот притисок ќе има тренд на покачување и ќе изнесува околу 1020 хектопоскали, а ув индексот ќе има вредност 4.

Во Скопје во среда претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна ќе достигне до 26 степени. УВ индексот ќе има вредност 4.

Од четврток се очекува стабилизација на времето и постепен пораст на температурите, иако и овие температури ќе бидат пониски за околу 1 степен во однос на просечните за овој период од годината. Утринските температури од 8 до 19 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 23 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Weather4all.com.mk