Децата треба да ги учиме да прашуваат, не да учат одговори

Децата треба да ги учиме да прашуваат, не да учат одговори

Подготвил: Драгана Петрушевска

Образованието е повеќе за начинот на размислувањето отколку учење факти. Поточно, образованието е за учењето како да се размислува критички. Токму затоа, основата на образованието не се одговорите, туку прашањата. Треба да ги учиме децата како да прашуваат.

Лоренс Краус е експерт од областа на образованието кој го потврдува она што го велат многу други експерти: Треба да ги учиме децата како да размислуваат критички.