Две години

Две години "Концепт 37"

Арт кафулето „Концепт 37“ се отвори пред две години и за кратко време успеа да се издвои и профилира како место кое дише со дух и автентичност, собиралиште на слободоумни луѓе со иновативни и прогресивни идеи кои ја препознаваат есенцијата на овој концепт-бар, кој постојано ги растегнува границите на имагинацијата. „Концепт 37“ кој се наоѓа на ул. Рузвелтова 37, за вториот роденден подготви недела полна со настани, изложби, инсталации и артистички манифестации.



Петок 3 јули - Во текот на денот ќе има акција во која за едно фредо кафе, ќе добиете две книги од издавачкиот центар „Три“. А во текот на цела недела со една купена книга, ќе добиете две книги. Вечерната забава ќе биде со Lephonq, а за еден коктел посетителите ќе добијат два.

Сабота 4 јули - Гостуваат организаторите на „GIFEST“ од Суботица кои во 2000 часот ќе одржат предавање за оваа визуелна форма, а од 2100 часот ќе има и видео мапинг на гифови од фестивалот GIFEST. Мапингот ќе биде следен со 2 VJ-a од StreetFM 107.4 радио.

Недела 5 јули - Програмата почнува од 1100 часот, кога ќе се одржи работилница за изработка на гифови преку коja посетителите ќе можат да ги визуелизираат своите идеи.

Присуството е бесплатно, а сите заинтересирани креативци за работилницата за изработка на гифови, можат да се пријават на ФБ страницата на „Концепт 37“

Среда 8 јули - StreetFM радио 107.4, заедно со Concept 37, организира концептуална забава.

Четврток 9 јули - Од 1900 часот ќе гостува Марко Настиќ од Белград, кој ќе одржи интерактивна ДЈ работилница, a подоцна од 2200 часот ќе има и свој ДЈ сет.

Петок 10 јули - Од 2100 часот ќе се одржи изложба на илустрации „Изложба 2“ во која двајца артисти ќе се обидат да се надоврзат на иста идеја за постер, креирајќи поединечно.

Бидете во тек и приклучете се на настанот за оваа недела: https://www.facebook.com/events/946243452093815/