Оглас за пракса во ФЕНИ ИНДУСТРИ

Оглас за пракса во ФЕНИ ИНДУСТРИ


 
Врз основа на член 250 од Законот за работни односи работодавачот FENI INDUSTRI AD Кавадарци  објавува 

Оглас за студенти кои имаат потреба од изведување на пракса


ФЕНИ ИНДУСТРИ, согласно дејноста која ја обавува и соодветно на тоа можноста да понуди практично и професионално изведување на пракса во повеќе области на 50 студенти, го објавува овој оглас за  практичната настава во времетраење од 30 дена , 8 часа дневно.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови :

1.  Студенти на техничките факултети, правен, економски, филозофски, филолошки факултет.
2.  Познавање на работа со компјутер ( Word, Excel..)
3.  Познавање на  англиски јазик
4.  Комуникативна личност со силни интерперсонални вештини, тимски играч, флексибилен

Заинтересираните кандидати да ги достават следните документи:

1.   Барање за пракса
2.   Упатница од факултет

Сите погоре наведени документи се задолжителни за пријавување по огласот за практиканти и истите треба да бидат испратени за времетраењето на огласот:
•    по е-мејл: hr@feni.mk,
•    или на адреса:  FENI INDUSTRI AD с. Возарци, Кавадарци, Пф 53,
•    со назнака "за оглас за практиканти " ,
•    доколку документите се пратени по е-маил истото да биде наведено во subject line.   

Ве молиме Вашите документи да ги доставите стриктно на погоре наведените адреси, во спротивно нема да се земат предвид.
контакт: Служба за човечки ресурси тел:  043 421 373, 043 421 123,

Изборот ќе се изврши врз основа на принципот "прв дојден прв услужен", согласно можностите и потребите на Компанијата.

Огласот трае  15  дена од денот на објавувањето, од 02.07.2015год.

            Само избраните кандидати ќе бидат контактирани!!!
ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА ЗА ВИСТИНСКА ПРАКСА, УЧЕТЕ ОД НАЈДОБРИТЕ!!!