Оглас за вработување во Технички факултет - Битола

Оглас за вработување во Технички факултет - Битола

Врз основа на член 131 од Законот за високото образование, Технички факултет - Битола распишува конкурс за избор на два наставника во сите наставнонаучни звања од областите:

- Припрема за печатење и ДТП (Desktop Publishing);
- Технологии за печатење (форми, постапка, доработка);
- Графички процеси и машини;
- Графички материјали (бои, галванотехника).

Условите за избор се определени со Законот за високото образование. Почетокот, завршетокот и распоредот на работното време и паричниот износ на платата (во бруто износ: 47.144,00 ден., 52.021,00 ден.. 61.184,00 ден. за наставник се променливи и се определуваат во согласност со актите на Факултетот според распоредот на наставата во семестарот, ангажираноста и звањето во кое е избран наставникот (доцент, вонреден професор, редовен професор).

Кандидатите за избор во наставнонаучно звање кон пријавата поднесуваат:
- извод од матичната книга на родените;
- биографија,
- документ за стекнато образование,
- список на научни и стручни трудови и по еден примерок од истите.

Пријавите се поднесуваат преку пошта на адреса: Технички факултет - Битола ул. "Македонска фаланга" 33, или во архивата на Технички факултет- Битола во рок од 8 дена од денот на објавувањето.