Според Цукерберг набрзо пристигнува технолошката телепатија

Според Цукерберг набрзо пристигнува технолошката телепатија

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Ко-основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг смета дека постои формула која објаснува како луѓето размислуваат.

 

марк


На пресконференцијата на која се поставуваа прашања и одговори на неговата фејсбук страна, учествуваа и познатиот физичар Стивен Хокинг и Арнолд Шварценегер.

Хокинг го запраша 31 годишниот Цукерберг на кои големи прашања од областа на науката би сакал да го дознае одговорот.

„Доста сум заинтересиран за прашањата во врска со луѓето“, изјави Цукерберг. „Исто така, заинтересиран сум за тоа дали постојат фундаментален математички закон за основните човечки општествени односи кои ја регулираат рамнотежата за кого и за што сите се грижиме. Се обложувам дека постои“, продолжи Цукерберг.

 

1


Холивудскиот фитнес шампион, Шварценегер го запраша Цукерберг за неговата рутина за вежбање.

„Ти си еден од најзафатените луѓе на планетата, а помладите генерации веројатно повеќе се поврзуваат со тебе отколку со Папата - затоа кажи ми како пронаоѓаш време да тренираш и кој е твојот режим на исхрана?“, го запраша Шварценегер.

Цукерберг одговори дека вежба најмалку три пати во неделата, обично наутро. Тој додаде дека понекогаш го зема и неговото куче кога трча.

Сесијата на онлајн прашања и одговори привлече толку многу посетители што неколку минути Фејсбук не можеше да работи.

Кога го прашаа што за него е среќа, Цукерберг одговори правење на работи во кои верува со луѓе кои ги сака.

„Мислам дека повеќето луѓе ја мешаат среќата со забавата. Не мислам дека е возможно да се забавуваме секој ден, но верувам дека е возможно да се прави нешто значајно кое им помага на луѓето секој ден“, напиша тој.

Исто така, Цукерберг изјави дека виртуелната реалност ќе стане дел од мејнстримот и дека луѓето на крај ќе бидат во можност да споделуваат она што го чувствуваат и претчувствуваат.

„Верувам дека еден ден ќе си испраќаме богати мисли еден на друг користејќи ја технологијата. Ќе бидете во можност да помислите на нешто и вашите пријатели веднаш да можат да го искусат тоа“, заврши Марк.