Веројатно не забележавте дека Фејсбук има ново лого

Веројатно не забележавте дека Фејсбук има ново лого

Подготвил: Драгана Петрушевска

Дали забележавте нешто ново во логото на „Фејсбук“ утрово? Веројатно не, доколку не сте особено талентирани во забележување фонтови.


Социјалната мрежа штотуку започна да користи поинаква верзија од своето лого. „Најзабележителната“ промена е во буквата „а“.

Новото лого било дизајнирано од вработениот Ерик Олсон. Логото не изгледа особено различно на прв поглед, но се разликува доколку направите директна споредба со старото, кое беше присутно десет години.