Во што се разликуваат вистинските пријатели од останатите?

Во што се разликуваат вистинските пријатели од останатите?

Подготвил: Драгана Петрушевска

„Не постои ништо на светот повредно од вистинското пријателство“ - Томас Акинас.


Како да одлучите кои луѓе се вашите вистински пријатели? „Open-mind“ посочува кон некои работи кои може да ви откријат.

Вистинските пријатели зборуваат и дејствуваат

Доколку некој сака да знае колку му значите и колку сте битни во неговиот живот, тие ќе ви го докажат тоа, но не само со убави зборови, туку и со дејствија. Луѓето кои ве сакаат и се грижат за вас ви го докажуваат тоа.

Вистинските пријатели наоѓаат време за вас

Луѓето кои само ви кажуваат дека ве сакаат, а немаат време за вас не се вистински пријатели. Доколку вистински сакате некого наоѓате време за него и сте достапни во секое време.

Вистинските пријатели се смеат со вас, но и плачат со вас

Кога се смеете, целиот свет се смее со вас. Кога плачете, плачете сами. Ние не се согласуваме со ова. Вистинските пријатели се оние кои се тука и кога се смеете и кога плачете бидејќи тие се грижат за вас и никогаш не ве напуштаат.

Вистинските пријатели ве потсетуваат на она што сте длабоко во себе

Без разлика колку пати ќе паднете, вистинскиот пријател ќе биде со вас и ќе верува дека ќе станете и повторно ќе чекорите нанапред. Вистинскиот пријател ги знае вашите слаби страни, но уште подобро ги знае и вашите силни страни и ви помага да ги воочите самите.

Вистинските пријатели ви дозволуваат да бидете свои

Тие никогаш не ве контролираат и не ве менуваат, а уште помалку ве убедуваат дека треба да бидете различни. Тие ви дозволуваат да бидете она што сте.

Вистинските пријатели ве прават подобри луѓе

Тие го извлекуваат најдоброто од вас. Тие го прават вашиот живот подобар и нивното присуство ве прави посреќни. Вистинските пријатели ве инспирираат да живеете во целост.