Времето денес и прогноза за викендот што следува

Времето денес и прогноза за викендот што следува



Од денес, четврток имаме стабилизација на времето и пораст на температурите. Во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во источните и крајните западни предели ќе дува доумерен слаб североисточен ветер.

Утрото ќе биде свежо со температури од 8 до 18 степени, а пак максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 33 степени. УВ индекс 8.

Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна температура до 26 степени. УВ индекс 8.

Во петок, сабота и недела ќе биде претежно сончево и топло, со тоа што во сабота и недела ќе има услови за појава на локална облачност. Минималните температури од 10 до 20 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 22 одосно до 34 степени. УВ индекс 8. Во понеделник умерено облачно со сончеви периоди но и со услови за локална дестабилизација и врнежи од дожд. Максималната дневна температура до 24 односно до 35 степени.

Weather4all.com.mk