Уписи на магистерските студии по Менаџирање на стратегиски комуникации

Уписи на магистерските студии по Менаџирање на стратегиски комуникации

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го распиша конкурсот за запишување на магистерските студии по Mенаџирање на стратегиски комуникации. Во академската 2015/2016 година можат да се запишат вкупно 40 студенти на едногодишната и двегодишната студиска програма.

 

Магистерските студии им овозможуваат на постдипломците да стекнат комуникациски, претприемнички и лидерски способности, да го демонстрираат нивниот успех и лидерство преку апликативни проекти и да изградат цврста мрежа со реномирани професори, истражувачи и професионалци.

Предметните програми нудат богат избор на содржини и обезбедуваат знаења за управување со стратегиски комуникации, интегриран маркетинг и нови медиуми и за развивање на деловни стратегии и јавна дипломатија. Професорите и бизнис лидерите вклучени во наставата ги инспирираат студентите да бараат и применуваат конкурентни решенија за придобивање на довербата на јавноста и за градење на репутација преку општествено одговорно одлучување, за управување со кризи и за развивање на интеркултурна комуникација.

Во текот на наставата, постдипломците се вклучени во тимски проекти за реални клиенти, во кои тие дизајнираат сопствени стратегии, истражуваат и синтетизираат различни ресурси и нудат идеи преку дискусии. Исто така, можат да се вклучат во проектите кои ги спроведува Институтот и да станат дел од тимот на млади истражувачи на ИКС. На постдипломците им се овозможуваат интерактивни и флексибилни можности за учење, користејќи широка палета на онлајн ресурси и учејќи во виртуелнa училницa.

Со завршувањето на магистерските студии, постдипломците добиваат 60 ЕКТС на едногодишните студии, односно 120 ЕКТС на двегодишните студии и се стекнуваат со диплома за магистер по менаџирање на стратегиски комуникации.

 
Погледнете ги препораките од студентите и професорите