Најстрашниот хотел во светот - Капсула за храбри авантуристи

Најстрашниот хотел во светот - Капсула за храбри авантуристи

Подготвил: Тамара Гроздановски

Доколку сте подготовени за авантура и сакате покачување на адреналинот тогаш дефинитивно за вас е оваа транспарентна капсула прикачена за карпа на 120 метри височина.

 

1


За да влезете во капсулата морате прво да се искачите на карпата, а потоа со јаже да се спуштите до капсулата направена од алуминиум кој се користи за изработка на авиони. Од дожд, капсулата ја штити отпорниот поликарбонат.

На карпите се сместени три капсули, а во една можат да спијат 8 лица. Една ноќ чини околу 260 евра.