Оглас за бработување во ФИНКИ

Оглас за бработување во ФИНКИ

Врз основа на член 123 став 2, 131 и член 135, став 1 од Законот за високо образование и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно- научни, наставно стручни, соработнички звања и асистенти докторанти на Универзитетот Св. Кирил и Методиј"- Скопје, (Универзитетски гласник бр. 250 од 15. 07. 2013) Деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје распишува

КОНКУРС за избор на:

1. Асистент докторант на наставно - научната област информатика и компјутерско инженерство - шест извршители Услови за позицијата: Кандидатите покрај општите услови пропишани и посебните услови предвидени Законот за високо образование член 123, 125а, 131 и 132 и Правилникот за критериуми и постапката за избор во наставно научни, наставно стручни и соработнички звања на Универзитет „Св. Кирил и Методиј"- Скопје, (Универзитетски гласник бр. 250 од 15. 07. 2013).

Работното време ќе биде утврдено согласно на распоредот за часови. Нето плата за позицијата 1 се движи во рамките од 21. 750, 00 до 30. 000, 00 денари зависно од ангажманот.

Кон пријавата кандидатите треба да достават: пријава по конкурс, документ за завршено соодветно образование- просечен успех од најмалку 8, 50 на прв и втор циклус на студии (странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оцените), кратка биографија, уверение за државјанство, потврда за познавање на англискиот јазик и тоа (TOEFEL) - најмалку 74 бода за електронско полагање преку компјутер не постар од две години од денот на издавањето, (1ELTS) - најмалку 6 бода не постар од две години од денот на издавањето, (TOLES) - базично познавање (Foundation level), (1LEC) - положен со успех најмалку Б2 (В2) и Кембриџ сертификат за прелиминарен англиски (Cambridge Cerficate of Preliminary English)- (BI), список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовитекопија);

Изборот ќе се изврши во рокот предвиден во член 131 од Законот за високото образование (до 6 месеци од објавувањето на конкурсот) Документите се поднесуваат во оригинал или копија заверена на нотарпријавите кои не се потполни нема да бидат разгледувани. Пријавите се поднесуваат во рок од 8 дена од денот на објавување во весник во Деканатот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, ул. Руџер Бошковиќ 16, Скопје. Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје