Табели кои покажуваат зошто Грција и Германија не се согласуваат

Табели кои покажуваат зошто Грција и Германија не се согласуваат

Подготвил: Тамара Гроздановски

Денес Грците на референдум треба да одлучат дали ќе ја поддржат програмата за штедење која Европа ја постави во замена за продолжување на финансиската помош.

 

грција


Ако грчките гласачи речат „да“ тогаш финансиската помош ќе продолжи, а владејачката партија, која жестоко се противи на програмата најверојатно ќе се повлече од власт. Ако грчките гласачи речат „не“, финансиската помош ќе заврши и Грција веројатно ќе ја напушти еврозоната.

Референдумот е кулминација на години „расправии“ меѓу Грција и Европа, иако кога велиме Европа всушност мислиме Германија, економски гигант во еврозоната. И покрај кризата која понекогаш и` се закануваше на глобалната економија, Грција и Германија отсекогаш не се согласувале.

Германците инсистираат на тешка програма за штедење со цел да се продолжи помагањето на Грција, а владејачката партија вели дека ја разбира потребата да се воведе мерка за штедење, но бара флексибилност и начин на кој таа смета дека е правилен. Дали на Грците им е доста ќе се открие денес. Во продолжение ви нудиме водич за тоа зошто Германија и Грција се толку различни земји.

 

Линк до галеријата.