Како Холандија го реши проблемот со силниот ветер?

Како Холандија го реши проблемот со силниот ветер?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Кога се наоѓате во Холандија не можете а да не забележите дека земјата е многу рамна и дека има многу ветер. Холанѓаните ветерот го користат за производство на енергија, меѓутоа понекогаш тој претставува проблем.

Во еден канал во Ротердам, ветерот претставувал голем проблем пред одредено време. Што било преземено за да се „сопре“ ветерот? Биле изградени огромни, 25-метарски ѕидови кои го блокираат поминувањето на ветерот.

Погледнете како изгледаат овие ѕидови во видеото.