Повик за учесници на циклус обуки на тема Емоционална интелигенција

Повик за учесници на циклус обуки на тема Емоционална интелигенција

Група на млади лидери од Здружението на граѓани „Младите можат“, во соработка со „Психеско – прво македонско здружение на студенти по психологија“, во рамките на иницијативата Емоционално интелигентна младина, објавува повик за учество на циклус обуки за Емоционална интелигенција, како од теоретски така и од практичен аспект. Обуките се наменети за сите млади на возраст од 16 до 26 години.


 

Циклусот обуки ќе започне со почетен настан, кој ќе се одржи на 13 јули, на кој ќе има панел-дискусија за примена на ЕQ во различни сфери од секојдневието, а потоа следуваат 4 еднодневни обуки. Истите ќе бидат реализирани во периодот од 13ти до 23ти Јули. Целта на обуките е младите кои ќе бидат вклучени во нив да стекнат повисоко степен на свест за EQ, на свест за себе, за својот личен развој, а со тоа да придонесат и кон општествениот развој.

Обуките ќе бидат одржани во Скопје, истите се бесплатни, а присуството на сите обуки е задолжително.

Имено, Емоционално интелигентна младина е иницијатива реализирана од тим на млади луѓе преку ЗГ Младите Можат. Целта на иницијативата е информирање и зголемување на интересот кај младите за постоењето, значењето и примената на Емоционалната интелигенција (EQ).  Истата е дел од проектот “Youth Leadership Initiative” кој е имплементиран од страна на Младите можат во соработка со SEED-Швајцарија и поддршка од Швајцарскиот национален младински совет.

Крајниот рок за пријавување на повикот е 07.07.2015 (вторник) до 23:59 часот.

Сите заинтересирани можат да се пријават со пополнување на апликацискиот формулар кој можете да го најдете на следниов линк.

За повеќе информации, можете да ни се обратите на info.eq@youthcan.org.mk или на 078 313 931