Влада за нормален и квалитетен живот

Влада за нормален и квалитетен живот

Колумна на Венко Глигоров, претседател на Комисијата за економија и финансии при Либералната партија на Македонија

Потребни се 15 министерства коие ќе бидат многу повеќе економски ориентирани или ориентирани кон доброто на граѓаните.



Деновиве се зборува за преодна, концентрациона, транзициска или не-знам-каква влада. На Македонија ѝ е потребна влада за нормален и квалитетен живот на граѓаните. Владата не постои за да се делат „столчиња” и тендери, туку да работи за доброто на граѓаните и бизнисите. Тоа пред сѐ. Да овозможи во Македонија да има еднаквост (правда), ефикасност, слобода, безбедност, стабилност и економски раст.

Минатата колумна пишував кои се основните активности што треба да ги прави една влада за да може да се создава повеќе вредност во државата. Повеќе вредност значи дека ќе се зголемува бруто-домашниот производ кој потоа доведува до поголеми плати и поголем стандард на граѓаните. За да може да се изведуваат овие активности, организацијата на владата треба да биде насочена кон остварување на целите на еден економски систем.

Партијата на власт делумно ги лоцирала целите на економскиот систем во својата изборна програма под називот Стратешки цели и приоритети. Ако анализираме дали овие цели се достигнати или има приближување кон целите ... ќе видиме дека од 5-те цели што се поставени, речиси во ниту една нема прогрес, а резултатите се прескромни за да очекуваме некаков напредок.

Имено, економскиот раст е толку бавен и со многу ниски стапки кои може да се стават во категоријата како статистички грешки. Вработувањето е присутно само во државната администрација и делумно во странските инвестиции со нето ефект по вработеноста многу мал. Најчесто тоа се прелевања на вработени од едни фирми во други или од хонорарни вработени во постојани вработени.

Подобар и поквалитетн живот нема на повидок, луѓето се демотивирани, борбата против корупцијата е селективна и како што осознавме од „бомбите”, борбата со корупција се прави за да има повеќе на врвот. Евро-атлантските интеграции се забавени или назадуваат ако се суди од последните извештаи на ЕУ за Македонија. Државата и граѓаните се поделени по сите основи, етнички, верски, партиски, регионално. Единствен позитивен тренд е тоа што поради севкупната влошена состојба се зголемува толерантноста меѓу луѓето и со тоа државата несакајќи ги зближи повеќе луѓето.

Напредокот во образованието и не треба посебно да се дискутира. Незадоволството од образованието создаде лавина од други незадоволства. Некакви позитивни активности се прават во доменот на иновацијата, но со многу скромен буџет кој е несразмерно помал од севкупниот државен буџет на Македонија.

Целата колумна можете да ја прочитате на ОВОЈ ЛИНК

Автор: Венко Глигоров, претседател на Комисијата за економија и финансии при Либералната партија на Македонија

Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.