Кина е погодена од историски пад на берзата

Кина е погодена од историски пад на берзата

Подготвил: Драгана Петрушевска

Додека целото внимание на светот е свртено кон Грција, Кина доживува сериозен проблем со економијата.


Порако годинава, економијата на Кина само растеше, и тоа особено забележително во споредба со останатите, но изминатата недела бил забележан пад на шангајската берза за дури 29% во споредба со почетокот на јуни. Во текот на изминатите осум месеци, индексот пораснал за 117%. Сличен пад е забележан и на останатите кинески берзи.

Си-ен-ен објавува дека дури 700 кинески компании престанале да тргуваат на берзата. „Блумберг“ ја споредува кризата со падот на Волстрит во 1929 година, кој ја остави САД во Големата депресија за време на 1930-те.

Владата на Кина ги користи истите тактики како и Волстрит за да ја врати претходната положба. Најголемите брокерски групи во Кина во текот на викендот договорија заедничко купување на акции со вредност од најмалку 19,3 милијарди долари за да го спасат пазарот, со помош од Народната кинеска банка. Централната банка останува последната шанса за спас со печатење пари за да се купат акции и да се вратат цените.

Меѓутоа, инвеститорите треба да бидат убедени во ефикасноста на плановите. Според „Bespoke“, берзите во Кина загубиле 3,25 трилиони долари, односно повеќе од целата берза на ФРанција и околу 60% од јапонската берза.

Сепак, експертите сметаат дека ова нема да има лош ефект врз Кина бидејќи населението и кинеските корпорации не се на кинеската берза и веруваат во поедноставен систем на едноставна и директна заработка.