Студент создаде материјал кој ја менува формата според времето

Студент создаде материјал кој ја менува формата според времето

Подготвил: Драгана Петрушевска

Револуционерен нов материјал направен од студент ја менува формата кога е влажен. Ова е еден од најдобрите студентски проекти кои сме ги виделе. Сè започнало со една прошетка во парк.


Чао Чен, магистранд по дизајн на Лондонскиот кралски колеџ бил инспириран од обична шишарка која ја видел во паркот „Хајд“ во Лондон. Шишарките се затвораат кога се влажни, а се отвораат кога е сончево. Чен одлучил да се обиде да го копира ова во проект за факултет.

Со комбинација на повеќе материјали, Чен успеал да создаде еден материјал кој реагирал на вода исто како шишарката. Тој се отвора на сончеви денови, а се затвора кога има вода.

Материјалот сè уште е во тест фаза. Потребни се повеќе тестови пред да се започне со комерцијална употреба.

Видете го материјалот во акција.