Денеска тропски ден, сончево и многу топло... Какво време не` очекува до крајот на неделата?

Денеска тропски ден, сончево и многу топло... Какво време не` очекува до крајот на неделата?



Во Македонија во среда не очекува тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува и слаб југозападен ветер.

Утринските температури од 12°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 29°C односно до 40°C.

УВ индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје во среда тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19°C а максималната дневна ќе достигне до 37°C. УВ индекс 9.

Во четврток претпладне ќе биде сончево, попладне зголемување на облачност и во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Во овие региони постојат услови и за појава на невреме. Максималните температури ќе се движат од 28°C до 39°C.

Weather4all.com.mk