Што може Грција да научи од аргентинското неисплаќање на долгот?

Што може Грција да научи од аргентинското неисплаќање на долгот?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Грчкиот излез од еврозоната би можел да има повеќе негативни последици отколку што поголем дел од аналитичарите мислат, предупредува Доминго Каваљо, кој во 2001 година беше министер за економија.

 

 

grcija

 

Со оглед на тоа што бил во владата во Буенос Аирес за време на бавниот финансиски колапс, Каваљо знае за опасностите со кои се соочува Грција.

„Неисплаќањето не само на странските долгови туку исто така и домашните долгови и сите странски договори на почетокот на 2002 година беше вистинска трагедија за Аргентина“, вели тој.

За многу Аргентинци, периодот после неисплаќањето беше ужасен: невработеноста се зголеми речиси двојно повеќе. Инфлацијата која исчезна во 90-те, повторно се врати во економијата со одмазда.

Во годината после неисплаќањето, бруто домашниот производ на земјата (БДП) се намали за 11%. Лошите економски резултати имаа вистински последици. Процентот на Аргентинците кои живееја во сиромаштија се зголеми над 50%.

Владата реши да банкарските депозити да ги конвертира во пезоси. Во ефект, таа ги конфискуваше заштедите на луѓето. Многу луѓе се најдоа во ситуација да не можат да ги платат сметките бидејќи нивните исплати од хипотеки беа деноминирани во долари.

Превирањата на пазарите се појави на улиците. Изгубената заштеда и стравот за иднината предизвика насилни немири во кои беа изгубени животи. Како последица на политичката нестабилност, оставка поднесоја многу политичари.

„Аргентина се опорави поради огромниот напредок во однос на трговијата која дојде во средината на 2002 година. Цената на сојата се искачи од 120 долари по тон на 600 долари“, вели Каваљо.

Аргентина ја има една од најголемите економии во Јужна Америка. Но, исто така и таа беше жртва на циклусот на подеми и падови.

Длабоката рецесија најави економски колапс во 2001 година, кој остави повеќе од половина од населението во сиромаштија и предизвика немири. Земјата се бореше со рекорден долг кој го немаше исплатено и девалвација на валутата.

До 2003 година, на повидок беше опоравување кога Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се согласи за ново позајмување. Од тогаш, Аргентина го реконструира нејзиниот долг, нудејќи нови обврзници за неплатените и го исплати својот долг кон ММФ.

Додека некои сметаат дека Грција би можела да доживее слична пост-стандардна наплата, постојат причини да се верува дека нема да го реализира растот на Аргентина. Грците немаат силен извозен сектор кои би можеле да ги искористат предностите на девалвираната валута.

„Грција нема силен конкурентен производствен сектор. Грција не е трговска нација“, вели Џис Хеџис, од истражувачката група Оксфорд Аналитика.

Додека враќањето на ослабената драхма може да охрабри повеќе туристи да одат во Грција, јасно е дека подобрениот туристички сектор ќе биде доволно за да се произведе општо економско заздравувавање.

Исто така, без притисок од Брисел, Грција може да биде во искушение да избегне некои од структурните реформи. Недостатокот од овие реформи може повторно да предизвикаат инфлација во грчката економија.

„Грција ја очекува ужасно очаен период“, вели финансискиот експерт Пол Блустејн.