Што ако морате да го промените името кога ќе се логирате на Фејсбук?

Што ако морате да го промените името кога ќе се логирате на Фејсбук?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Џема Роџерс била принудена да го промени своето име за да одговара на нејзиниот смешен фејсбук псевдоним откако бил избришан нејзиниот профил.

 

фб


Имено, холистичкиот терапевт од Луисхам, источен Лондон во 2008 година си направила профил на социјалната мрежа. Сакајќи да ги избегне досадните барања за пријателства од старите пријател и непознатите луѓе, таа напрафила профил под псевдонимот Џемароид Вон Лаалааа. Но минатиот месец таа добила порака од Фејсбук во која тие барале да испрати некаква идентификација за да докаже дека тоа е нејзиното вистинско име и вистински профил.

Збунета и загрижена, таа очајно се обидела да ги фотошопира нејзините сметки од банката со новото име за да докаже дека тоа е нејзиното вистинско име. Еден ден подоцна нејзиниот профил бил суспендиран и таа не можела да се логира.

Им испратила меил на Фејсбук објаснувајќи што таа направила и им дала вистинска лична карта, молејќи ги да и` го вратат профилот. Но, и` било кажано дека не можат да го потврдат нејзиниот идентитет. Во очајнички обид да го добие профилот назад, таа морала да го промени името и сега официјално е г-ца Вон Лаалаа.

Меѓутоа, и покрај нејзините екстремни напори, таа се`уште не може да си го врати профилот, дури и после испраќањето на новата лична карта.

„Знам дека бев целосен морон, но Фејсбук навистина ја претера. Немам профил веќе 5 недели и сега ги изгубив сите мои фотографии, пораки и спомени. Има толку многу луѓе со лажни имиња“, вели таа.