Волонтирајте во Здружението за меѓугенерациска солидарност

Волонтирајте во Здружението за меѓугенерациска солидарност "ДОБЛЕСТ’"

Здружението за меѓугенерациска солидарност ‘’ДОБЛЕСТ’’ е независно и непрофитно здружение на граѓани кое активно работи за поттикнување на меѓугенерациската солидарност и подобрување на квалитетот на живот на старите лица.



Нашата визија е создавање на хумано општество со взаемна помош, поддршка и почит на различните возрасни групи за овозможување на достоинствена старост на старите лица
Во рамки на проектот: Ние сме со ВАС, финансиски поддржан од Град Скопје распишуваме ЈАВЕН ПОВИК за млади/невработени лица кои сакаат да помогнат на старите лица за нивно активно користење на слободното време.

Цел на проектот е поттикнување на меѓугенерациската солидарност и волонтеризмот кај помладите за грижа кон постарите лица.

За таа цел, ја креираме ПРВАТА електронска дата база на невработени млади лица во Р.Македонија кои имаат желба, интерес и волја за работа со стари лица, особено за оние кои сакаат да придонесат за зголемена социјализација на старите лица.

Пријавените лица на распишаниот ЈАВЕН ПОВИК, ќе имаат можност за посета на домовите за стари лица и давање свој активен придонес во реализација на понатамошните активности на нашето здружение.

Заинтересираните лица потребно е да го пополнат формуларот кој се наоѓа нашата web страна www.doblest.mk, на следниов линк: ВОЛОНТЕРИ