Времето денес и прогноза за продолжениот викенд што следува

Времето денес и прогноза за продолжениот викенд што следува



Во Македонија во четврток не очекува сончев и потопол ден, ветерот ако ќе слабее сеуште ќе биде присутен. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните и крајните источни предели ќе дува и доумерен слаб североисточен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека пак максималните температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. Воздушниот присток ќе биде во пораст и ќе има вредност околу 1019 хектопаскали. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје во четврток ќе биде сончево, потопло и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 34 степени. УВ индекс 8.

Сончево и многу топло во деновите што ни следуваат Во петок утринските температури од 12 до 22 степени, а пак максималните дневни ќе достигнат до 29 односно до 39 степени. Сабота и недела, тропски денови со високи максимални температури кои ќе достигнат до 30 односно до 40 степени. Вредноста на ув индексот ќе биде 9.

Максимумот од овие тропски температури се очекува во понеделник кога максималните температури ќе достигнат до 31 односно до 41 степен.

Во деновите од викендот и во понеделник се препорачува да се избегнува изложеност на сонце во периодот од 10 до 17 часот, пиење на многу течности, а хроничните болни да ги почитуваат препораките од лекарите.

Weather4all.com.mk