Градови кои нудат најдобри можности за вработување

Градови кои нудат најдобри можности за вработување

Подготвил: Тамара Гроздановски

Познатата европска ревизорска куќа „Pricewaterhouse Coopers“ во 2014 година направила истражување за тоа кои градови имаат најдобри можности за вработување.

 

вработување


Ова нивна листа од 10 градови во кои младите, кои сакаат добра работа, ќе ја пронајдат нивната работа од соништата.

Чикаго

Третиот најголем град во Америка има доста поволни цени. Квалитетот на животот и воздухот се доста добри. ТОј се наоѓа меѓу најдобрите градови кога станува збор за вработувањето и е вистински рај за правниците на кои просечната годишна заработка е 110.060 долари. Втората највисоко платена работа се раководителските позиции, професиите од областа на математиката и информатиката, архитектурата и инженерингот.

Сиднеј

Овој град долго време имаше голем углед кога стануваше збор за рамнотежата меѓу работата и животот. Сиднеј е еден од големите центри за финансии, производство икултура што го става на листата на високо место поради можностите за работа што ги нуди.

Хонгконг

Еден од најдобрите градови кога станува збор за квалитетот на животот. Економската слобода е на највисоко ниво, како и стилот на живеење.

Стокхолм

Градот, кој се развива со неверојатна брзина содржи бројни  можности за работење. Првенствено во областа на технологијата со скоро 700 хајтек компании. Градот посветува доста внимание и на одржувањето на зелената технологија. Некои сметаат дека ова е најдобриот град за почеток на бизнис.

Париз

Кога станува збор за интелектуалниот капитал и иновациите, Париз е број еден. Полн е со фантастични музеи, библиотеки и универзитети кои го ги унапредуваат поединците кои сакаат да работат тука. Исто така, овој град е со најниска стапка на невработеност во Европа. Најмногу плата ќе земаат оние кои сакаат да се занимаваат со човечки ресурси, продажба и финансии.

Сан Франциско


Овој град е атрактивен поради тоа што тука се наоѓаат седиштата на некои од светските компании. Многу големи компании како Google, токму тука имаат отворено канцеларии. Во платите ќе уживаат луѓето на раководителските позиции, во здравството, математичарите и IT секторот.

Торонто

Животот во овој град е одличен, особено затоа што акцент се става на безбедноста, здравјето, инфраструктурата, сигурноста и транспортот. Дистрибуцијата, индустријата и финасиите се бизнис центри

Сингапур

Овој град е привлечен поради развиениот транспорт, инфраструктурата  и леснотијата во тргувањето. Неговата економија лежи во електрониката и услужните дејности, додека центарот на градот управува со богатство. Градот е одлично место за луѓе од различни области на работа. Неговата економија е рангирана како најотворена во светот, со најмалку корупција и најмногу бизниси.

Њујорк

Центарот на САД нуди безброј можности во сите индустрии. Ова е град кој нуди најлесни можности за работа и бизнис и е еден од најпосакуваните градови за живот во светот. Најголемите бизниси се прават во светот на финансиите и на берзата додека за индивидуалците најдобра е модата, издаваштвото, забавата и технологијата.

Лондон

Лондон е град со најголеми можности за вработување. Тој е дом на многу светски милијардери чиишто фокус е на финансирање на меѓународни бизниси. Високите раководители, лекарите, маркетинг директорите и директорите на продажба како и правниците можат да најдат работа и тоа со високи плати.